МАКЕДОНИЈА

Трчај на Виз Ер Скопски маратон 2022. Пријави се до 30ти август и добиј маичка!

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги завршуваат подготовките за 18тото по ред издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија и пошироко.

Виз Ер Скопски маратон 2022

Овогодинешниот Виз Ер Скопски маратон ќе биде на 2ри октомври, а учесниците кои ќе се пријават до 30ти август добиваат маичка со логото на Виз Ер Скопски маратон 2022.

Секој учесник по завршување на маратонот на својата емаил адреса ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер.

Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со АК Работнички, кои се организатори на најпознатата трка за жени во државата, – Авицена Женска трка, како и на трката – HalkEco Скопје трча 10KM.

Сите информации за настанот, како и детали за начинот за пријавување на http://skopskimaraton.com.mk

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close