МАКЕДОНИЈА

Сите се подготвени за Златни денови Кратово

Денес и утре, 07.-08.07.2023, во историскиот град на мостовите, традиционално ќе се одржи еден од најомилените летни музички манифестации, – Златни денови Кратово 2023.

viber image 2023 07 03 09 50 35 283

Се очекува стартот на Златните денови оваа година да биде одбележан со голема заинтересираност и еуфорија, а и да ги надмине очекувањата на организаторите во однос на посетеноста, не само од македонски посетители, туку и од љубителите на убавата музика од целиот Балкан.

viber image 2023 07 03 09 50 36 401

Првиот дел од програмата на манифестацијата ќе биде исполнет со настапи на многубројни македонски ѕвезди, како што се Мераклиите од Мерак Меана – Благица Павловска, Јордан Митев, Ленче и Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Елена Јовческа, Оркестар Скопски Боеми, Браќа Нуне, како и Кратовски Тамбураши, Етно состав Мелем, Драган Темелков-Џони.

viber image 2023 07 03 09 50 36 028

Еуфоријата ќе продолжи и утре во саботно издание, за време на втората вечер, кадешто богатата забавна музичка програма ќе биде исполнета со несомнено незаборавни настапи на познатите македонски ѕвезди, Ламбе Алабаковски, Нокаут, Суперхикс, дуото Некст Тајм и Рок бенд Д’фендерс. Секако, традционално, но со модерен вајб, следува летна ДЈ забава, предводена од маестралниот ДЈ Ерик Фокс.

Новост во овогодинешното издание на Златни денови Кратово е концептот на присуство и настапи исклучиво на македонски изведувачи, сѐ со цел да се стави во фокус македонската музика и македонските ѕвезди и да се потсетиме на безвременската вредност на нивната важност.

viber image 2023 07 03 09 50 35 697

Златни денови Кратово, почнувајќи од 2014 година, прерасна во една од најубавите културни манифестации во земјава, а една од главните причини за истото се секако гостите и посетителите, на овој настан, кои секогаш во голем број го посетуваат фестивалот сите овие години.

Кратовчани се подготвени уште еднаш да ја покажат својата гостопримливост на љубителите на добра забава од сите генерации.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close