МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнува Св. Кирил и Методиј – Ден на сесловенските просветители

Денеска се слават светите браќа Кирил и Методиј, кои се сметаат за основоположници на сесловенската писменост. Во современиот свет тие се единствените личности што можат да се дефинираат како мост меѓу вечниот ривалитет на Источна и Западна Европа. Со тоа тие се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

Св. Кирил и Методиј

За животот и дејноста на словенските просветители, најмногу податоци добиваме од делата: „Панонски легенди“, „Климентовото житие од Теофилакт“, „Климентовото житие од Хоматијан“ и „О писменех“ од Црноризец Храбар.

Ако нивната просветителско-христијанска мисија беше столбот на едниот крај од Европа, одлуката на папата Иван Павле Втори да ги прогласи за созаштитници на Европа е столбот од тој мост на другиот крај на Европа.

Секоја година на 24 мај продолжува да се слави нивното дело, најмногу од словенските народи.

Оттука, денешниот ден во Македонија се одбележува и како верски но и како државен празник. И првиот државен универзитет во земјава, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во чест на нивното дело го носи нивното име.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close