МАКЕДОНИЈА

Приведена 45-годишна жена за напад на полицајка во Тетово

Од СВР Тетово информираат дека измината ноќ била приведена жителка на градот, која претходно физички нападнала полициска службеничка која извршувала работни задачи.

полиција

Ноќта кон средата, десетина минути по полноќ, на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници ја лишиле од слобода 45-годишна жена од Тетово затоа што физички нападнала полициска службеничка која извршувала службени дејствија. Таа е задржана во Полициската станица Тетово и ќе се соочи со поднесок, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.

Во истиоти период десетина минути по полноќ полицијата бележи физички напад врз 38-годишна жена, за што бил приведен 46-годишник од Тетово инаку нејзин роднина.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close