МАКЕДОНИЈА

Православните христијани денеска го празнуваат Бадник – предвестие за Божиќ

Бадник е денот пред Божик. Празник пред празникот. Најава на празникот. Очекување на Христовото раѓање.

Звукот на коледарите заедно со традиционалните коледарски песни секоја година го будат градот означувајќи го почетокот на празнувањето на големиот христијански празник Бадник. Според македонските обичаи, на 5 јануари започнува славењето на Божиќните празници. Вечерта спроти Бадник првите коледари го палат коледарскиот оган.

Бадник

Според македонските обичаи, на 5 јануари започнува славењето на Божиќните празници. Вечерта спроти Бадник првите коледари го палат коледарскиот огин и притоа се пејат песни, се игра и се пие топла ракија. На тој начин се „бркаат“ злите духови од земјата. Наредниот ден, на големиот Христијански празник Бадник, малите деца одат по домовите од соседите, чукаат на вратите и пеат коледарски песни. Според традицијата, домаќините за тоа ги наградуваат со колачи, костени, ореви, јаболка и ситни пари.

Бадник или Коледе – денот пред раѓањето на спасителот Исус Христос е еден од најголемите празници за христијанскиот свет. Според грегоријанскиот календар, Бадник секогаш се празнува на 6ти јануари, но гледано според јулијанкиот календар Бадник секогаш е на 24ти декември. Суштината на Бадник е радоста на христијаните пред раѓањето на спасителот Исус Христос.

Самиот збор Бадник, се верува дека потекнува од старословенскиот јазик и значи- да бидеш буден. Така, Бадник или Будник лесно се поврзува со будноста покрај обредниот бадникарски оган.

На овој ден се подготвува богата посна трпеза, каде се става од се по нешто – со цел целата следна година да биде богата и бериќетна. За Бадник се подготвува и лепчето со паричка – најчесто сребрена, со верување дека тој што ќе ја најде паричката ќе го следи среќа и здравје преку целата година. Според традицијата лепчето се крши и се дели на секој член на семејството, а оној кој ќе ја добие паричката ќе го следи среќа цела година.

Христос се роди! – Вистина се роди!

Subscribe
Notify of
1 Коментар
Oldest
Newest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

[…] пост започнува на 28 ноември и трае 40 дена до Божик, со кој православните верници се подготвуваат за […]

Back to top button
close