МАКЕДОНИЈА

Почина неврохирургот проф. д-р Јовица Угриновски

По тешко боледување на 77 годишна возраст почина проф. др. Јовица Угриновски, основач и претседател на Управниот одбор на „Неуромедика”, информираа попладнево од оваа здравствена установа.

Јовица Угриновски

„Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето. Вечна му слава!“, се наведува во фејсбук-објавата на клиниката.

Работел како специјализант на Универзитетскиот клинички центар во Скопје од 1970 од 1975 година. Една година во периодот од 1979 до 1980 година работел како специјалист по неврохирургија во општата болница во Дерна, Либија, а од 2010 работеше како неврохирург во клиничката болница „Аџибадем Систина“. Претходно работел и како редовен професор по неврохирургија на Медицинскиот факултет при УКИМ.

Угриновски беше долгогодишен претседател на Федерацијата на планински спортови на Македонија.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close