МАКЕДОНИЈА

НЛБ Банка се приклучува кон одбележување на Глобалната недела на парите „Заштити ги своите пари, обезбеди ја својата иднина“

Следејќи ги своите заложби за унапредување на финасиската писменост, НЛБ Банка се приклучува кон одбележување на Глобалната недела на парите (GMW) која почнува денес, и до 24 март ќе се одбележува низ целиот свет.

Глобалната недела на пари е интернационална годишна кампања која вообичаено има за цел да ги инспирира децата и младите да научат за парите, штедењето, обезбедувањето средства за егзистенција, да им помогне при вработување и препознавање на личниот претприемачки потенцијал.

Годинава, Глобалната недела на парите се одбележува под мотото „Заштити ги своите пари, обезбеди ја својата иднина“, тема која се обраќа на сите корисници на финансиски услуги и адресира значајни финансиски предизвици. Истата е поврзана со заштита на парите, но не само во однос на финансиските ризици, туку и во однос на другите ризици вклучувајќи фишинг, мулинг на пари, он-лајн шопинг измами, ризици поврзани со приватноста на податоците, кражба на идентитет и други форми на финансиска злоупотреба.

Токму на овие теми, за време на Глобалната недела на парите, НЛБ Банка преку своите профили на социјалните мрежи, повторно интензивно ќе комуницира содржини, со цел унапредување на финансиската писменост и зголемување на сајбер безбедноста кај поединци од сите возрасти.

„Со брзата еволуција на дигиталното банкарство и он-лајн трансакциите, разбирањето на овие ризици стана покритично од кога било досега.  Финансиската писменост ни помага полесно да ги препознаеме и ублажиме потенцијалните закани. Ние во НЛБ Банка веруваме дека едукацијата на клиентите за овие ризици е од суштинско значење за справување со сложениот пејзаж на финансиски ризици, заштита на нивните податоци и средства“ – велат од НЛБ Банка.

Глобална недела на парите e организирана од Меѓународната мрежа за финансиско образование на ОЕЦД.  Се одбележува со бројни активности ширум светот, вообичаено со образовни иницијативи и информативни програми и содржини кои влијаат врз внимателно носење на финансиските одлуки и заштита од финансиски закани.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close