МАКЕДОНИЈА

Денеска е Велики Четврток – почнуваат големите Велигденски празнувања

Во христијанската традиција, четвртиот ден од Страсната седмица е Велики четврток. На Велики Четврток се одбележуваат настаните што се случиле пред да тргне Спасителот на доброволните страданија. Во овој ден си спомнуваме за: Тајната вечера и сè што се случувало тогаш: подготовката, миењето нозе на апостолите, поуката за смирението и братољубието, посочување на предавникот и излегувањето на Јуда од вечерата, востановување на Светата евхаристија, најава за Петровото одрекување, Прошталната беседа на Христа со 11 апостоли, завршувањето на Тајната вечера и излегувањето од Ерусалим кон Елеонската Гора – во Гетсиманската Градина.

Велики Четврток

На Тајната вечера, Исус, откако им оставил на своите ученици љубов кон сите луѓе, им рекол дека еден од нив ќе го предаде. Апостолите прашале кој ќе го направи тоа. Прашал и Јуда, но Христос му одговорил толку кротко што другите не разбрале дека тој е предавникот. По вечерата, Тој отиде во Гетсиманската градина, каде што се молеше додека не дојде предавникот.

На овој ден, свештениците го вадат крстот од олтарот, што го симболизира неговото носење од Христос н а ридот Голгота каде бил распнат.

Црковното предание и нашата стара традиција уредиле на Велики Четврток, рано наутро, пред изгрејсонце, да се вапцуваат првите Велигденски јајца.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close