МАКЕДОНИЈА

АТС ГРУП го привлече вниманието на посетителите на престижниот саем на одбранбената индустрија во Лондон DSEI 2023

Лондон, 15.09.2023 АТС Груп е еден од поголемите изложувачи на DSEI 2023 најзначајниот саем на одбранбената индустријата во ЛОНДОН, на кој присуствуваат повеќе од 50.000 посетители кои можат да видат над 400 изложени борбени возила и воздухоплови како и бродови на воената морнарица по течението на реката Темза.

DSEI Лондон е поддржан од Министерството за одбрана на Велика Британија, а на него се среќаваат производители, државни делегации од над 100 земји, експерти, истражувачи, инвеститори и новинари кои покриваат одбранбени и безбедносни прашања. DSEI 2023 e најзначајното и најголемото издание на овој саем во неговата 24-годишна историја, а оваа година се обработува темата „Постигнување на интегрирана сила“.

Со над 2.800 добавувачи, вклучувајќи ги и главните производители DSEI е врвен хибриден настан од овој тип и е од клучно значење за зближување на владите, вооружените сили и пошироката индустрија. DSEI уште еднаш докажа дека е најважниот меѓународен саем посветен на копнената и на воздушната безбедност.

Изложувачите демонстрираа употреба на дронови, роботи, нови технологии и оклопни возила. Покрај динамичните демонстрации од страна на изложувачите, во текот на целата недела од страна на вооружените сили и безбедносните оддели беше прикажано владеењето со ново развиените технологии.

АТС ГРУП e единствена македонска компанија која учествува на светски познатите саеми за безбедност. Компанијата на DSEI 2023 во Лондон ги претстави своите светски познати производи и опрема од областа на балистиката, ги прикажа новите области во кои делува и се натпреварува со најголемите светски производители во индустријата. Компанијата поседува врвна инженерска експертиза, машини и алати за производство на муниција, и со тоа го привлече вниманието на посетителите од сите држави.

АТС ГРУП со седиште во Скопје e модерна македонска корпорација составена од три компании, од кои две во Скопје и една во Самоков со повеќе од 500 вработени и 40 годишно искуство. Истите работат по највисоки стандарди и произведуваат широк асортиман на производи, чиј квалитет се препознава во светски рамки, и за кои имаат добиено бројни награди и признанија.

АТС Груп се занимава со производство на композитни производи и производи наменети за опремување на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност. Покрај тоа, компанијата произведува и малокалибарска муниција и целосни линии на машини за производство на муниција, со што од година во година постојано го зголемува својот извозен потенцијал и со тоа ги остварува развојниот план и својата мисија.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close