МАКЕДОНИЈА

„A1 Academy” ја продолжува ексклузивната можност за учење дигитални вештини

А1 Македонија со гордост најавува продолжување на бесплатната академија за дигитални вештини, “A1 Academy” на која сите млади на возраст од 18-25 години ја добиваат можноста да учат и да стекнат знаење потребно за модерното време. Oд денеска до 24.10.2023г. отворена е апликацијата за модулот Дигитален маркетинг.

“По исклучително успешниот цуклус предавања на “A1 Academy” на кој повеќе од 100 млади лица стекнаа нови дигитални вештини, поради големиот интерес, го отвараме новиот циклус предавања. Горди сме дека младите луѓе ја препознаа нашата намера да го споделиме знаењето и да помогнеме во градењето на нивните успешни професионални кариери со вештини неопходни во новото дигитално време. Сигурни сме дека и оваа сезона нашата академија ќе привлече голем интерес и со овој повик ги охрабруваме сите млади на кои им е потребно познавање за Дигитален маркетинг, да се пријават и да ја искористат можноста за обликување на својата идна кариера”изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Сите млади кои сакаат да бидат дел од „A1 Academy” и модулот Дигитален маркетинг потребно е да ја пополнат апликација, достапна на следниот линк.

Академијата официјално започнува на 31 октомври каде учесниците добиваат можност да ги научат основите на дигиталниот маркетинг, SEO, Google Ads, менаџирање на социјални медиуми и Meta Business Manager како и менаџирање на е-мејл кампањи.

Предавачи на академијата ќе бидат врвни експерти, професионалци во својата област, кои се подготвени своето знаење да го пренесат со примери од практично искуство. По завршување на Академијата секој учесник добива сертификат за стекнатото знаење.

Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет.

Сите информации за академијата можете да ги најдете на официјалната веб страница на линкот.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close