КУЛТУРА

Тринаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржува од 18 до 25 август

Од 18 до 25 август во Скопје ќе се одржува тринаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Комплетната програма на фестивалот ќе биде објавена на денешната прес-конференција, што ќе се одржи на платото пред Младинскиот културен центар.

На прес-конференцијата ќе се обратат Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, Петрула Вељановска, дел од програмскиот тим на „МакеДокс“ и Сара Ферро, координатор на МакеКоПроДокс форумот.

Тринаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенција за филм, Креативна Европа – МЕДИА, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институт „Јунус Емре“-Скопје, Амбасадата на Чешка во Скопје, Чешки центар – Софија, Сивус – Групација Арикома и Грчки филмски центар.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close