Во Македонскиот народен театар на 19 април со почеток во 20:00 часот ќе се оддржи праизведбата на претставата „Хенгинг Араунд” во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов.
Главните ликови 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) во оваа приказна се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа. Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат, можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овој пат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел, да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и сакани и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да започнат нова авантура, да влезат во нова приказна…
Целото дејство се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни.
Во претставата играат: Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.
Следете не на
Можеби ќе ве интересира
10 јули, 2024
„МСУ – Скопје ремек дела за сите”, единствен македонски проект, избран од „Фондот за културно наследство на Хедли за Југоисточна Европа“
4 јули, 2024
ТОТЕМ – Промоција на нова модуларна колекција на Номад студио во Лаб дизајн маркет
14 јуни, 2024
Седум награди на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата „Иванов“ на МНТ
7 јуни, 2024
Вечерва во МСУ – Скопје се отвора самостојна изложба на Албан Муја
6 јуни, 2024
Познати авторите и авторките на наградените творби на конкурсот распишан по повод 100-годишнината од животот на Франц Кафка од ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија
5 јуни, 2024
Црната комедија „Бардо Тодор“ ќе се одигра во Битола
4 јуни, 2024
Во МСУ – Скопје се отвора изложба на уметникот Албан Муја
28 мај, 2024
„Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ нова изложба во МСУ и музејска тура за сладокусците
27 мај, 2024
Познати дела од класичната музика до композиции од хрватски автори ќе изведе Хрватскиот гитарски квартет утревечер во Скопје
20 мај, 2024
Платформата „За тебе“ организира настап на меѓународно познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје
Слични објави од категоријата