КУЛТУРА

Промоција на 22 романи на академик Божин Павловски

Македонската академија на науките и уметностите и Матица македонска, на 22 септември во 12 часот во мултимедијалниот културен центар Матица ексклузив во Скопје ќе ја промовираат колекцијата од 22 романи од академик Божин Павловски. Со овој издавачки потфат се одбележуваат два јубилеи на авторот: 80 години од раѓањето и 60 години плодно творештво.

романи на академик Божин Павловски

Романите на овој познат македонски писател се преведени на: англиски, француски, грчки, албански, италијански, руски, турски, полски, чешки, словачки, шветски, словенечки, бугарски, српски и др.

За богатиот романескнен опус на Божин Павловски и за неговата повеќе децениска општествена и културна мисија ќе говорат академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ и Гоце Смилевски, наш врвен романсиер и есеист.

Академик Павловски е добитник на меѓународните признанија: Интербалканската награда за книжевност во Грција, интернационалната награда „Екселзиор” за унапредување на европската проза во Романија, меѓународната награда „Арка” во Србија, како и двете признанија од времето на југословенската федерација „Железара Сисак” во Хрватска и наградата „Младост” во Србија.

Добитник е на националните награди Рациновото признание, „Стале Попов”, „Кочо Рацин” и „Духовен воин”. Во 2008 година му беше доделена највисоката државна награда „11 Октомври” за животно дело во уметноста. За неговото творештвото се објавени бројни есеи во повеќе земји, како и пет книги со критички–есеистички толкувања.

Во исто време со овој издавачки потфат на МАНУ и Матица, Грифин прес во Австралија на англиски јазик, во редакција на Бредли Досон, ги објави романите на Павловски во печатена верзија, додека глобалниот издавач Киндл букс ги презеде за дигиталниот пазар.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close