КУЛТУРА

Отворена изложбата „Еден друг круг“ на Роберт Михајловски

Во рамките на програмата на битолското културно лето, БИТ ФЕСТ, синоќа во Офицерскиот дом, беше отворена изложбата на графики од Роберт Михајловски „Еден друг круг“.

На изложбата беа прикажани дрворезите на Михајловски кои го истражуваат “пејзажот“ на урбаното и невидливото присуство на човечката дејност во тој се покомлициран лавиринт.

На отворањето на изложбата, присутните ги поздрави, директорката на културниот и информативен центар, Лили Бошевска, која зборуваше за почетоците и досегашното творештво на авторот, кој живее и работи во Мелбурн и Битола:

„Михајловски со креативните и школските почетоци се здобил во родниот град. Студирал историја на уметност со археологија во Скопје, Белград и Мелбурн, графички студии и сликарство во Њу Јорк и Мелбурн. Графиките на Михајловски го покажуваат концептот на времето кое е со одредено темпо кое повеќе се навраќа кон минатото кое ја преобликува виртуелната иднина“, рече Бошевска.

Ликовниот уметник, Владо Ѓорески, за авторот и неговите дела, вели:

„Дрворезите на Михајловски го истражауваат “пејзажот“ на невидливото присуство на човечката дејност во тој се покомплициран лавиринт. Неговите отпечатоци се со одредена симболика и асоцијативност која е на границата помеѓу одредена поетика и распадност која е присутна низ свкупната скоро унифицирана мундијална архитектура. Тоа се убави пејзажи создадени од луѓето, не како идилечен свет тука како свет за елементарна егзистенција, сурова, отпадничка, и често отуѓена во својата линиска структурираност слична на стапица, затвор, неслобода, психолошки алиениран амбис“, вели Ѓорески.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close