КУЛТУРА

„Љубовта се множи кога се дели“ – базар на современи креации за Денот на вљубените

Во пресрет на Денот на вљубените, од 11 до 14 февруари, Скопје Сити Мол организира голем Љубовен базар на уникатни современи уметнички творби, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци. Повеќе од 20тина индивидуалци, „artisans“ – уметници и 19 брендови ќе ги претстават своите најнови и оригинални производи.

Секој рачно создаден производ е бесценета приказна, во која е компримиран креативниот труд на овие уметници, посебно љубовта, која се рефлектира во секој детаљ од нивната работа.

Како што велат и самите креативци, кои имаат изградено свој препознатлив уникатен стил: „Раскажуваме шарени визуелни приказни, со убав почеток и крај, приказни, кои долго ќе се паметат и со радост ќе се раскажуваат“.

Oвие четири денови, на приземјето од Сити Мол, каде ќе биде поставен базарот, посетителите ќе можат да подарат за своите љубени автентични креации од: Monkdolls – љубовни спомени во рамка; Шарено ќоше – рачно насликана керамика и уникатни дизајни со персонализирани подароци; Кожарска работилница Хорват – рачна изработка на производи од природна кожа, Атеље Марта Пејоска – сребрена езерска приказна прелеана во филигран; Преплет – дизајн студио препознатливо по уникатни фрази испишани на кирилица; IGNIS.Creative – деликатни восочни фигури; Ленка – рачни везови на иновативен начин; NOMAD Studio – еколошки производи со современ дизајн; M&M Luxury soap bouquet –  ароматизирани сапуни дизајнирани во форма на цвеќиња и чоколадни бомбони; Marcy’s handmade – шарени приказни во форма на накит за сонувачи и храбри луѓе; Индиго тату студио – со тетовирањето нештата ги претвораат во вечност за да не бидат заборавени; Wanderlust – смели керамички дизајни; Елена Ристовска – накит кој е синтеза на знаење и творечка вештина; Woodyz – дрвени пеперушки и целосна палета на модни додатоци за мажи и жени; креативно студио Алегра – уникатен спој од графички дизајн и рачна изработка, MORPHO – филигрантска умешност испреплетенa во современ накит;  Атеље Сиена – испреплетени креативни приказни на мајка и ќерка, преточени во накит, Блумен и Арт 2005 – цвеќара која аранжманите со цвеќе ги претвора во уметност и Vincinni Слатко љубовно задоволство.

Деликатно направениот избор на уметници ќе го доразубави просторот во Скопје Сити Мол, кој ги поддржува занаетчиите, кои рачно изработуваат автентични креации, бидејќи „Љубовта се множи кога се дели“.

Facebook коментари:

Напишете коментар

Back to top button
close