КУЛТУРА

Книгата што ги освои сите топ листи, од денес достапна на македонски

Книгата што со месеци е меѓу најпродаваните книги на топ листите на најпрестижните американски и светски медиуми како „Њујорк тајмс“ и „Сандеј тајмс“, од денес е достапна на македонски во издание на издавачката куќа „Бата прес“. За првпат објавена во САД минатата година, веднаш доби исклучително позитивни критики од книжевните критичари и беше избрана за најдобра книга според уредниците на „Амазон“. Исто така беше во најтесен избор на „Гудридс“ за најдобра книга за 2022 година. Книгата од англиски на македонски ја преведе Александра Златановска.

За книгата:

По смртта на сопругот, Това почна да работи во аквариумот во Совел Беј, во близина на Сиетл. Чистењето подови во текот на вечерните часови, во друштво на суштества кои тивко се движат во базените ѝ помагаат да се носи со тагата и осаменоста, откако го изгуби својот осумнаесетгодишен син Ерик, пред триесет години.

Главната атракција на овој аквариум е Марселус. Тоа е еден огромен октопод од Пацификот, кој од својот базен го набљудува секое движење на Това. Марселус знае многу повеќе отколку што можеме да замислиме, но тој не би ни мрднал со едната од своите осум раце за да им помогне на луѓето – неговите киднапери. Сè до една неверојатна случка, што ќе го развие необичното пријателство со Това.

Бистриот Марселус, сфаќа што се случило онаа кобна ноќ, кога исчезна Ерик, синот на Това и сега мора да ја искористи секоја финта со своето тело за да ѝ ја покаже вистината на Това, пред да биде предоцна.

Романот на Шелби Ван Пелт, што го освои светот и е една од најчитаните книги, е потсетник дека понекогаш внимателното разгледување на минатото, може да помогне да се открие иднината што некогаш се чинела невозможна.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close