Занимливости

Вашето куче често ви ја става шепата? Еве што сака да ви порача

Кучињата, нашите верни пријатели, наоѓаат различни начини да комуницираат со нас, а понекогаш треба да откриеме што се обидуваат да ни кажат. Дали сте се запрашале што значи кога кучето ја става шепата врз вас?

Лаењето е највообичаениот начин на комуникација кај кучињата, но што всушност значи кога ве допираат со шепа? На ова прашање одговара ветеринарката Сара Вутен.

Вашето куче често ви ја става шепата

– Кучињата често користат шепи за комуникација, а причината за тоа е што ние сме ги научиле на таквото однесување. Кога кучето ќе ја подаде својата шепа, сопственикот обично реагира позитивно и го наградува, што го охрабрува ова однесување – објаснува Вутен.

На овој начин, кучето изразува задоволство, особено ако тоа го прави додека го галите – сака да покаже дека му е убаво и дека треба да продолжите. Ако престанете со галењето, кучето може да ја стави шепата врз вас како знак дека сака да не прекинувате.

Исто така, кога забележуваат дека нивниот сопственик е нерасположен, кучињата често со овој гест сакаат да пренесат порака дека сè ќе биде во ред.

– Со тоа како да ви кажуваат дека разбираат низ што поминувате и дека работите ќе се подобрат. Овој гест е израз на љубов и грижа. Сепак, некогаш може да значи и дека кучето не се чувствува добро. Преку говорот на неговото тело можете да препознаете дали станува збор за радосен гест или за сигнал за помош. Ако е второто, кучето нема да бара награда, туку ќе сака да почувствува удобност и сигурност – додава ветеринарката.

Напишете коментар

Back to top button
close