Прескокни до содржината

Среда, 4 ноември 2026

Маркетинг
Реклама
Најнови

Огнен Здравковски ја посветува „Осудени“ на сите што изгубиле љубов

Во саботата, на 41. издание на фестивалот „Макфест“, Огнен Здравковски ја претстави новата балада „Осудени“, а веќе го објави и официјалниот спот за неа. Со извонредна интерпретација и изведба полна со емоции, тој ја понесе публиката од првиот тон до последниот стих.

ognen zdravkovski spot scaled

„Оваа песна ја посветувам на секој што некогаш изгубил љубов, на сите што знаат како изгледа денот без некого. Тешко ми е да го кријам тоа, затоа што и јас се наоѓам во секој збор од „Осудени“. Ако барем еден човек во неа се препознае и почувствува дека не е сам, тогаш песната го исполнила своето“, вели Огнен.

Музиката, аранжманот и мастерингот се дело на Димитар Андоновски, а текстот го напиша Магдалена Цветкоска-Ена. Видео изданието што се снимаше на малата сцена на Национална опера и балет го режираше Гордан Божиновски.

„Осудени“ е достапна на сите стриминг платформи, а спотот на YouTube:

 

Споделете:
Реклама

Најнови на Турлитава