Од 18 до 20 ноември 2026 година, Скопје ќе биде местото каде светската наука се среќава со реалните животни приказни. Втората меѓународна конференција за аутизам „Низ призмата“ ги отвора своите врати во хотелот „Холидеј Ин“, обединувајќи ги најистакнатите глобални експерти, лекари, терапевти, едукатори, лица со аутизам и родители на едно исто место.

Со цврста верба дека знаењето мора да биде достапно за сите, Фондацијата „д-р Верица Механџиска“ целосно финансиски го покрива настанот, нудејќи бесплатен влез и симултан превод за сите присутни.
Наместо суви академски предавања, програмата преку 60 различни сесии нуди вистински решенија. Учесниците ќе можат да слушнат најнови откритија од професори од САД, Холандија, Израел, Италија, Шпанија, Ангија, Швајцарија и регионот, но и да учествуваат во панел-дискусии за менталното здравје на семејствата, за предизвиците во образованието и за самостојниот живот. Посебен белег на настанот е консултативното катче „ФОКУС“, каде родителите ќе можат директно да разговараат со експертите за индивидуални предизвици и практични стратегии при хранењето, комуникацијата и развојот.
Поради огромниот интерес и ограничениот капацитет на салите, онлајн регистрацијата е задолжителна. Учесниците можат да ја персонализираат својата програма и да ги добијат своите бесплатни билети преку платформата на tix.mk.
Да погледнеме низ призмата на науката, разбирањето и инклузивната иднина за секое лице со аутизам!
Комплетна агенда: https://fvm.com.mk/wp-content/uploads/2026/10/agenda-v2-final_mkd.pdf
Бесплатни билети и регистрација: https://tix.mk/event/438/niz-prizmata-megjunarodna-konferencija-za-autizam?lang=mk
Официјална веб-страница: https://fvm.com.mk















