Речиси секоја домаќинка, дури и оние помалку вештите во кујната, имаат свој рецепт за палачинки. Иако не се омилени за правење на сите, едно е сигурно – сите сакаат да ги јадат.
Со оглед на тоа дека постот е во тек, за вас подготвивме рецепт за посна варијанта на палачинки која ќе ве воодушеви.
Потребни состојки:
- 2 чаши брашно
- 1 чаша вода
- 1 чаша растително млеко (пр. од соја)
- 1 кора од портокал
- 1 кесичка прашок за пециво
- малку сол и шеќер
- масло за пржење
Начин на подготовка:
Измешајте ги брашното и прашокот за пециво, па изматете ги со вода. Потоа постепено се додава од млекото од соја. По потреба прелијте уште малку млеко. Додадете сол, шеќер и рендана кора од портокал. Сè убаво измешајте со миксер. Во тава со малку масло пропржете ги палачинките. Наполнете ги со мед и јаткасти плодови или вашиот омилен џем.