МОЈА КУЈНА

Брза торта со кајсии! Слатко задоволство без граници

Со овој рецепт ќе ги воодушевите вашето семејство и гостите со неговата едноставност во подготовката и одличните резултати во вкусот.

Потребни состојки:

  • три поголеми јајца
  • 7 лажици шеќер
  • 10 лажици млеко
  • 8 лажици масло
  • 7 лажици брашно
  • 3 лажици гриз
  • кесичка прашок за пециво
  • 500 гр исчистени кајсии
  • шеќер во прав

торта со кајсии

Начин на подготовка:

Измешајте брашно, гриз и прашок за пециво. Во посебен сад белките со шеќер и во друг жолчките со млеко и масло изматете ги со миксер. Во смесата со жолчките додадете ја смесата со брашно, а потоа и изматените белки. Лесно измешајте со шпатула и истурете во калап обложен со хартија за печење. Во тестото се ставаат сечканите кајсии и се пече во рерна на 170 степени 15-20 минути. Изладете, посипете со шеќер во прав и послужете.

 

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close