МАГАЗИН

Новиот сингл на македонското трио BDM на светска музичка компилација

По фестивалското лето, BDM ја завршува сезоната со нов хит

Македонското трио BDM имаше исполнета летна сезона, која „завршува“ со нова музика – момците направија ремикс на песната Blasphemy на Португалците Moulinex & GPU Panic.

BDM 05 To the Moon and Back

Blasphemy се најде на компилацијата DTX Gathering на издавачката куќа Disco Texas која беше промовирана на 13.08 (линк до компилацијата: Various Artists – DTX Gathering (bfan.link)), а на која се наоѓаат и траки од Хinobi, Yamagucci, Diana Oliveira и други.

„Баравме песна за ремикс од Moulinex & GPU Panic и штом ја слушнавме Blasphemy едноставно бевме воодушевени од звукот, мелодијата, гласот и продукцијата и решивме дека тоа е тоа. Веднаш почнавме да работиме на неа, да ја направиме BDM песна, но да остане доследна на сензибилитетот и емоциите на оригиналот. Многу сме горди на тоа како испадна на крајот“, велат момците за ремиксот на Blasphemy.

BDM 01 GalIcko

Претходниот период за BDM беше исполнет со бројни фестивалски настапи, а го имаа и најголемиот радиски и клупски хит во земјава за лето 2024 – нивната верзија на To The Moon and Back од Savage Garden (To The Moon And Back – Single by BDM | Spotify). Вокалот на песната го позајми Александра Иванова.

Оваа верзија беше хит на Antenna 5 радио и во Топ 10 песни изминатите два месеца, а својата премиера ја доживеа на „ГалИцко“ фестивал (линк од настапот: https://www.instagram.com/reel/C8peRO0sx7z).

На овој фестивал BDM настапи со материјал од нивниот прв албум, многу нови песни, како и песни што ќе се најдат на нивниот следен проект Synapsis, a кој се очекува да излезе в година.

По ова, следуваше настап на најголемиот македонски фестивал „Д фестивал“ во Дојран, каде што ја делеа сцената со Nouvelle Vague, Joel Correy и Jonas Blues (линк до видео од настапот: https://www.instagram.com/reel/C9UiolesZ5D).

До крајот на годината BDM најавуваат нов сингл.

Фото: Даниел Николовски

Напишете коментар

Back to top button
close