МАГАЗИН

Италијанска ноќ во Скопје: Вчера започна 26. Издание на Skopje Fashion Weekend

Синоќа во East Gate Mall под мотото „Јазикот на етиката и дизајнот”, Fashion Weekend Skopje го означи својот старт по 26 пат, годинава на нова локација и со нов концепт, календарски и концептуално вклопувајќи се во Деновите на италијанскиот дизајн во соработка со Италијанската Амбасада во Скопје и Италијанската агенција за трговија ITA.

Деновите на италијанскиот дизајн се одржуваат ширум светот, иницирани од страна на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка преку италијанските амбасади, институти за култура и трговски агенции за промовирање на италијанскиот дизајн и архитектура.

„Годинешната тема на Деновите на италијанскиот дизајн е „Квалитет кој просветлува. Енергијата на дизајнот и за луѓето и за околината“.

Го избравме овој наслов затоа што со својата интелектуална и продуктивна енергија, италијанскиот дизајн има намера да помогне да се донесе светлината во период во кој се чини дека преовладуваат сенките и темнината, и да го направи тоа користејќи го квалитетот кој отсекогаш бил негов белег. Во овој контекст, зборот квалитет не е толку синоним за луксуз, туку фактор на одржлив и одговорен развој„ – истакна Амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвстри кој синоќа го отвори настанот.

Италија е број 1° во светот по бројот на дизајнерски компании, а всушност дизајнот е во голема мера одговорен за успехот на тие производи. Впрочем, италијанските производи отсекогаш биле поврзани со квалитет, висока специјализација, диференцијација и елеганција.

Модната индустрија е срцето на брендот Made in Italy, термин кој се користи од 1980 година за да ја означи меѓународната уникатност на италијанските производи, особено во четирите главни индустрии, популарно познати како „Four F“: храна, мебел, Ферари (автомобилски) и токму Fashion.

„Италијанските брендови се познати во светот како симболи на стил. Всушност, италијанскиот се смета за јазик на модата, ѝ на македонски се вели мода.

Така, вечерва, иако сум многу среќен што со East gate ги презентирам најновите колекции на многу важни италијански брендови, сакам да им оддадам почит не само на овие фирми, туку и на дизајнерите и занаетчиите кои се глобални водечки во облеката и обувките„ – истакна амбасадорот.

На познатата писта на Skopje Fashion Week, на која повеќе од четврт век во овој крај на светот, продефилирале и дизајнери и имиња на модели кои значат многу кај нас и глобално, синоќа ги презентираше колекциите на ARMANI, LIU JO, PATRIZIA PEPE, TWINSET, SIGMA JEWLERY, DAN JOHN, ERREA, LEMARE, TOSCA BLU, BARK SHOES, FRATELLI BOVO, DANIELA COARO, UTOPIA, SERGIO ROSSI, TRUSSARDI, KIKO MILANO… со пто го направи најавениот спој на возбудата и гламурот кои ги поседуваат италијанските славни брендови.

Денес, продолжува Skopje Fashion Week со промоција на домашните дизајнерски сили на модната сцена. Свој поп-ап продажен простор ќе има и УРМА – првата концептуална онлајн продавница кај нас, која го соединува пазарењето со културата на живеење, пружајќи им несекојдневно и стилско купувачко искуство на клиентите со дизајнерски производи од висок квалитет, како и внимателно одбрани производи од етаблирани брендови, креирајќи селекција која има и културни придобивки за купувачите.

Програмата во следните два денови ќе ги претстави најважните аспекти на одржливоста мода, но и на иновативните процеси кои ќе ја определуваат во иднина.

Активизмот на FWSK, низ бројни општествено одговорни проекти најмногу поврзани со циркуларната мода, со години наназад го врти вниманието кон одредени проблеми во нашето опкружение и иницира начини да се приближиме кон решавањето на истите.

Subscribe
Notify of
1 Коментар
Oldest
Newest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

[…] време, се слушнаа на Јавната дебата која вчера во East Gate Mall – Office spaces ја организираше Skopje Fashion Weekend во рамките на […]

Back to top button
close