МАГАЗИН

Бритни Спирс го смени името: Пејачката нагласи како луѓето треба да и се обраќаат отсега

Бритни Спирс реши да го смени името, а напиша дека сега можеме да ја викаме Ксила. Поранешната поп икона (42) ги сподели своите впечатоци од неодамнешниот одмор во обемна бизарна објава на Инстаграм.

Бритни Спирс

Бритни тврди дека тешко го разбира мајчиниот јазик, англискиот и дека тоа се случило откако го сменила своето име на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by XILA MARIA RIVER RED (@britneyspears)

– Откако го сменив името во Ксила, тешко разбирам англиски – напиша таа, а потоа додаде неколку неповрзани впечатоци од одморот.

– Одењето во теретана никогаш не е како што изгледа. Овој пат џвакав гума за џвакање и се шокирав од мојот одраз во огледалото, толку сум ниска! Возев велосипед со другарка и се изгубив затоа што отидов предалеку… Потоа играв тенис.

– Мислев дека го изгубив телефонот, но тој всушност беше под скалата. Фустанот што го носам е единствениот што ми стои. Кога излегувам на вечера сакам да бидам сама, знам дека сум чудна… – продолжила Бритни во својата објава.

И додека нејзиното име на Инстаграм сè уште е @Britni Spears, во описот на нејзиниот профил пишува Xila Maria River Red, без никакво објаснување.

Напишете коментар

Back to top button
close