Венера, планетата на љубовта, веќе е ретроградна во Овен, а денес ѝ се придружува и ретроградниот Меркур во истиот знак. Ова значи дека се свртуваме кон минатото и среќаваме луѓе што долго време не сме ги виделе. Дознајте што ви подготвиле ѕвездите.
Овен
Ретроградниот Меркур и Венера ви носат потешкотии во комуникацијата со блиските. Склони сте да верувате во погрешни идеи, па така и партнерот може да го видите на сосема ирационален начин. Некои Овни планираат средба со личност од минатото.
Бик
Криете многу тајни, но немате доверба во луѓето, па затоа живеете во заблуди. Не знаете каква одлука да донесете во врска со една личност од минатото. Ве очекуваат и нови познанства преку социјалните мрежи, бидејќи ќе бидете поактивни на интернет.
Близнаци
Ретроградниот Меркур носи недоразбирања, погрешно толкување на пораки и одложување на плановите. Не сте во стабилна емотивна фаза за долготрајна врска, но сепак посакувате нова љубов.
Рак
Работната ситуација ви ги нарушува емотивните односи, бидејќи го оптоварувате партнерот со вашите проблеми. Обидете се да не ги мешате приватниот и професионалниот живот. Некои Ракови лесно би можеле да започнат романса на работното место.
Лав
Сонувате за средба со личност што не живее во вашиот град. Планирате и патување, но ситуацијата ќе се одложи до крајот на март. Поради тоа, треба да бидете трпеливи и рационални. Сезоната на Овен ви носи нови познанства.
Девица
Ретроградниот Меркур е активен, па често размислувате за луѓе од минатото. Некои Девици минуваат низ брачна криза, па многу е важно какви одлуки носите. Ако сте слободни, постои можност за познанство со разведен Овен.
Вага
Ретроградната Венера во Овен ви ги помати плановите. Се обидувате да стапите во контакт со личност што долго време не сте ја виделе. Тоа оди тешко, па губите трпение. Вагите што се во брак ќе поминуваат низ криза поради недостаток на разбирање и компромис.
Скорпија
Ќе бидете изненадени од повик од минатото. Станува збор за личност што ја познавате преку работни контакти, но ќе ве убедува да се видите. Бидете внимателни со одлуките што ги носите додека Венера е ретроградна.
Стрелец
Ретроградниот Меркур ве враќа во минатото, па очекувајте појава на поранешна љубов. Сепак, ова не е добар период за враќање на старите приказни. Иако може да ви изгледа како добра идеја, во април може да сфатите дека било грешка.
Јарец
Лесно губите трпение и сте склони на кавги. Партнерот е импулсивен и има големи очекувања од вас, што дополнително ве исцрпува. Еден Овен може да биде предизвик за вас, но и комплицирана личност.
Водолија
Во фаза сте на интензивно дружење и ќе го проширите кругот на пријатели. Меѓу новите познанства ќе има и некои интересни личности, па ве очекува возбудлив период. Овен од минатото ќе посака повторно да се видите.
Риби
Не размислувате многу за љубовта, бидејќи парите и работата ви се приоритет. Од друга страна, сте многу чувствителни и лесно повредливи, па се обидувате да се заштитите. Вие сте еден од знаците што имаат шанса за судбински познанства.