1,5 кгр. мешано месо (свинско и телешко месо исечено на коцки)
200 гр. боранија
20-30 парчиња бамја
1 тиквичка
1 модар патлиџан
1 глава кромид
1/2 кг. зелка
2 средни домати
1-2 по можност црвени (или зелени) пиперки
1/2 кг. компири
1/2 кг. моркови
200 ml. масло
сол
бибер
вегета
Подготовка:
Целиот зеленчук се чисти и се сече на парчиња а кромидот се ренда и се става во тава (највкусно би било доколку турлитавата ја готвите во земјана тава). Убаво измешајте и пoсолете по вкус. Преку зеленчукот наредете ги парчињата месo претходно издинстани со малку масло и вода. Ставете вегета и бибер, прелијте со масло и ставете во рерна да се пече на температyра од 200°С, околу 2 часа.