Прескокни до содржината

Петок, 6 ноември 2026

Маркетинг
Реклама
Најнови

BOÜDOIR – The House of Fragrance: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во East Gate Mall

Реклама
IMG_20261104_145921_204

Парфемот одамна ја надминува својата примарна улога на естетски додаток. Тој е дел од личниот идентитет, невидлив потпис што ги поврзува сеќавањата, емоциите и индивидуалниот стил. Токму оваа филозофија стои зад концептот на BOÜDOIR – The House of Fragrance, специјализирана парфимерија која со отворањето на својот нов продажен простор во East Gate Mall во Скопје внесува поинаква димензија во домашната парфемска понуда.

boudoir – the house of fragrance vo east gate mall scaled

По своето присуство во Битола, BOÜDOIR ја продолжува својата приказна и во главниот град, претставувајќи внимателно селектиран свет на ниш парфимеријата, во кој автентичноста, креативноста и парфемското мајсторство имаат предност пред конвенционалните трендови.

Во понудата се застапени реномирани парфемски куќи како Atelier Des Ors, Profumum Roma, Birkholz, New Notes, Venti4, Vranjes, MEMO Paris и Fragrance Du Bois, чии мирисни композиции ја истражуваат границата помеѓу традиционалното парфимерство и современиот уметнички израз. Новиот простор е замислен како место за откривање и истражување на мирисите, каде што изборот на парфем не е само купување производ, туку лично искуство. Во време на масовна продукција и унифицирани естетски стандарди, BOÜDOIR го афирмира индивидуалниот пристап кон луксузот, оној што не се дефинира исклучиво преку препознатливоста на брендот, туку преку карактерот, квалитетот и емоцијата што ги носи.

Со отворањето во East Gate Mall, Скопје добива уште една адреса за љубителите на селективната парфимерија и за сите што веруваат дека вистинскиот луксуз започнува таму каде што завршува предвидливото.

Споделете:
Реклама

Најнови на Турлитава