ОВЕН
Следната недела ќе бидете во ситуација да запознаете некој што ќе ви се допадне, преку работа или на работното место. Тоа ќе биде врска која е комплицирана и не особено хармонична, но многу интензивна и полна со сексуална напнатост.
БИК
Личноста што ви се допаѓа ќе биде или некој што живее далеку, со кој не можете да имате конкретен однос, или некој со кој поради одредени околности не можете да бидете во отворена врска. Сето ова ќе ве турне во платонска врска.
БЛИЗНАЦИ
Оваа недела сте многу стимулирани и страсни, поради што лесно можете да имате физички однос со некого, ако не и емотивен. Доколку барате покомплетна врска, имајте го ова на ум и не брзајте, туку почекајте ја вистинската личност за вас.
РАК
Некои илузии кои сте ги изградиле во претходниот период ќе бидат уништени, па поради тоа би можеле да се чувствувате разочарани и несигурни во љубовниот живот. Не дозволувајте ситуацијата премногу да ве вознемири, но знајте дека ќе имате поголема среќа во втората половина од неделата.
ЛАВ
Во овој период би било добро љубовниот живот да биде посоцијален, бидејќи лесно ќе ја разбудите љубовната енергија без разлика на вашиот статус. Ако веќе сте во врска, ќе уживате во хармонија, а ако сте сами, тогаш ќе имате нови можности за љубов.
ДЕВИЦА
Следната недела ќе ви биде лесно да ја покажете вашата најубава и најдобра страна. Поради ова, ќе ги привлечете дури и оние луѓе кои не сакате да ги привлечете, а камоли оние што сакате да ги освоите. Со многу малку труд ќе постигнете добар резултат.
ВАГА
Многу сте романтични, како и секогаш, поради што лесно можете да паднете во врска. Доволно е некој да покаже интерес за вас и вие ќе возвратите. Вежбајте волја, инаку може да завршите со погрешна личност.
СКОРПИЈА
Следната недела можно е да доживеете љубов со некој од вашиот круг на пријатели или некој што ќе го сретнете со помош на пријатели, познаници, некои клубови или здруженија во кои припаѓате. Побогат социјален живот ќе ви донесе можности за романса.
СТРЕЛЕЦ
Ќе бидете невоздржани во потрагата по забава и уживање. Ќе имате интересни искуства, но прашање е дали некое од нив ќе ви даде можност да остварите вистинска врска. Поверојатно е дека сè ќе остане на ниво на романса или афера.
ЈАРЕЦ
Ова е период во кој лесно ќе најдете можности за романса, бидејќи сте во контакт со многу луѓе и повеќето од нив ќе бидат многу привлечни и расположени за љубов или конкретно заинтересирани за вас. Сè што треба да направите е да пребарувате.
ВОДОЛИЈА
Оние припадници на знакот кои живеат заедно со избраната личност ќе имаат проблеми во врската. Немирот и склоноста за влегување во конфликти во домашната атмосфера ќе доведат до тензија, која ќе мора да се реши за да се воспостави хармонија.
РИБИ
Во овој период имате проблеми да се посветите на љубовниот живот, едноставно не сте расположени за љубов, а ова е посебен предизвик за оние кои се веќе во врска и сакаат да останат во неа. Ако сте сами, тогаш најверојатно воопшто нема да обрнете внимание на оваа област од животот.