СВЕТ

Вучиќ: Србите во Косово го бараат она што им припаѓа на сите цивилизирани луѓе во Европа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во пресрет на протестите на Србите во Рудар, Косово, изјави дека секогаш ќе ги поддржува и ги повика да го чуваат мирот, бидејќи мирот е најголем интерес на Србите и Србија.

Aleksandar Vuchik

Во видео пораката објавена на Инстаграм, Вучиќ рече дека протестот во Рудар е „голем, народен и демократски протест на Србите од Косово и Метохија и од север и југ и сите области каде што живеат Срби на Косово и Метохија“.

– Србите не бараат многу, тие го бараат само она што им припаѓа на сите цивилизирани луѓе во Европа. Она на што сите други имаат право, само на Србите им се ускратува – да бидат слободни, да имаат право да се движат, да одат во училишта и болници, да ги штитат животите и перспективата на своите деца – рече Вучиќ.

Тој изјави дека Србите бараат ослободување на уапсените и приведените неправедно, без никаква причина и бараат повлекување на „оние кои дошле со долги цевки без право да го окупираат северот на Косово и Метохија“.

Вучиќ рече дека Србите бараат укинување на списоците за апсење направени од режимот во Приштина, „бидејќи Србите политички се спротивставиле на нивниот терор“.

– А за да се вратат во нивните институции, за да тоа е нешто поразлично од отстранувањето на барикадите, тие бараат формирање на Заедница на српски општини, што беше првиот услов во Бриселскиот договор – посочи Вучиќ.

Напишете коментар

Back to top button
close