СВЕТ

Белградскиот аеродром затворен, летовите пренасочени кон Ниш

Аеродромот Никола Тесла е затворен од 16:45 часот за полетување и слетување од технички причини, а обновување на редовен авиосообраќај се очекува околу 20:00 часот, додека целосна нормализација се очекува во текот на вечерта.

Аеродром Никола Тесла

Неколку летови на „Ер Србија“ во текот на попладневните и вечерните часови, кои требаше да слетаат во Белград, ќе бидат пренасочени на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш поради технички проблеми на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Се очекува и голем број летови предвидени за полетување од Белград во текот на попладневните и вечерните часови да бидат одложени, соопшти Ер Србија.
„Ер Србија“ е во постојан контакт со надлежните служби на белградскиот аеродром и е подготвена да го нормализира сообраќајот штом се решат техничките проблеми на аеродромот.

Напишете коментар

Back to top button
close