МАКЕДОНИЈА

Жените од руралните средини заслужуваат повеќе права бидејќи Македонија е аграрна држава

„Предизвиците на жените во руралните средини и нивните заложби”, беа во фокусот на конференцијата која се одржа под покровителство на сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска.

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се одржа и изложба на производи на жени земјоделки, со цел да се поттикнат жените да се вклучат во процесите на производство на прехранбени производи, а во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Националната федерација на фармери (НФФ), по повод Меѓународниот ден на руралната жена.

Nastan CUP NFF FarmerkiIMG 7645

– Се надевам дека оваа конференција и изложбата ќе овозможи промоција на сето она што го работите, да се покаже кое е всушност значењето на жената во руралните средини, воопшто во стопанството во нашата земја, рече сопругата на претседателот, Ѓоргиевска.

Според неа главната цел е подобрување на економската и социјална положба на жените во руралните средини преку зајакнување на ефективноста и влијанието на националните програми за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, законите и стратегиите од областа на родовата еднаквост, недискриминација, земјоделство, рурален и социјален развој.

– Во иднина е важна меѓу институционална соработка и поддршка на другите политики и пропратни дејности во синџир на вредности, охрабрување жените да се вклучат и во руралнот туризам, користење на производите изработени од куќен праг во инситтуциите од областа на образованието и здравството и купување на домашни земјоделски производи, формирање на гарантен фонд од страна на државата за поголеми инвестиции и поддршка на жените во земјоделието, презентирање а успешни примери и други мерки за поддршка на претприемништвото и економско и финансиско зајакнување на жените, зголемување на профитабилноста и проширување на пазарните можности, рече извршната директорка на ЦУП Неда Малеска-Сачмароска.

Nastan CUP NFF FarmerkiIMG 7649

Според Националната федерација на фармери потребно е креирање на акциски план и промовирање мерки за зголемување на можностите за вработување на жените од руралните средини, но и мерки за признавање на неплатениот труд на жените за грижа на семејството, и наоѓање решенија за жените од руралните средини кои немаат остварено право на пензија. Вклучување на родовата перспектива во креирање на мерки, политики и стратегии кои се однесуваат на земјоделството и руралниот развој. Потребно е подобрување на достапноста на јавните услуги (здравствени, образовни, социјални услуги) за жените во руралните средини, кое е во согласност со Целите за одржлив развој како и воспоставување на правен механизам со цел остварување на правото на родителско отсуство и боледување на регистрираните земјоделки, односно земјоделци.

– Ние земјоделките и земјоделците сме исправени пред многу предизвици, голем проблем е пласманот на земјоделските производи така што производните цени се далеку повисоки од продажните цени, а тука во Скопје нашите производи се продаваат под многу високи цени. За нас како држава е посебно значајно да се пристапи сериозно на овие предизвици, бидејќи ние сме аграрна држава. Според официјалните статистички податоци околу 180.000 семејства егзистираат од земјоделството, 45% од македонското население живее во рурални средини и тие зафаќаат 87% од вкупната површина на земјата. Ваквите услови ги принудуваат руралните жени на живот во поголема сиромаштија и ја поттикнуваат миграцијата, рече Васка Мојсовска, претседателка на НФФ.

Таа додаде дека жените и младите од руралните средини играат значајна улога во економскиот опстанок на своите семејства и придонесуваат за руралната економија, како и производството на храна. Тоа е посебен белег на нашата држава, квалитетни земјоделски призводи и вкусна храна. Затоа потребно е да се развие стратегија за обезбедување на пристап до право на земјиште и сопственост на жени од рурални средини и да се усвојат мерки за заштита на нивната контрола врз сопственоста и ресурсите од земјиштето, вклучително и преку кампањи на подигнување на свеста за соочување со културни и традиционални модели кои спречуваат еднаков пристап и контрола на земјиште од страна на жените како и поголемо вклучување на жените од руралните средини во креирањето на политики на локално и национално ниво.

– Конкретно за моите млади, многу работат од работа на работа. Тие го се одговорни за целото производство, јас само нижам по илјада низи пиперки годишно, околу 600-700 килограми, а и јуфките се моја работа, рече Ружа Стоимилова од Кочани, која произведува пиперка, лук, ориз и домашни јуфки, веќе 8 години.

Во таа насока за заштита на нашето производство и поттикнување на поголема продажба се реализира и кампањата „Kупувајте домашни земјоделски производи“, која е подржана од страна на Шведската организација за развој We Effect во чии рамки беше и изложбата на производи и преработки на 30 жени од кои најголем дел се регистрирани оператори за храна.

На настанот присутните имаа можност да ги чујат приказните и препораките на жените од руралните средини и областа на земјоделството Вангелина Пармачка, земјоделка од беровското село Будинарци, Славица Димовска, земјоделка од село Чашка, Марина Тодороска Тошеска, претседателка на здружението „Агро лидер“ и Фадрија Мустафовска, претседателка на здружението „Радика-Де“ а ќе модерира Билјана Петровска Митревска.

Конференцијата е организирана во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ спроведен од Центар за управување со промени – ЦУП а поддржан од USAID North Macedonia и Balkan Trust for Democracy.

Напишете коментар

Back to top button
close