ЗАНИМЛИВОСТИ

Интервју со Филип Велковски кој одржа рецитал во Даут Пашин Амам

Направивме кратко интервју со Филип Велковски, ученик во ДМБУЦ Илија Николовски Луј, кој овој месец правеше рецитал во Даут Пашин Амам.

Filip Velkovski scaled

Филип Велковски е роден на 03.02.2005 год во Скопје. Своето музичко образование го почнува во ДМБУЦ Илија Николовски Луј, во класата на професорот мр. Никола Јованов изучувајќи го инструментот кларинет.

Filip Velkovski retsital vo Daut Pashin Amam 4 scaled

Уште во основното музичко училиште, учествува на многу домашни и меѓународни натпревари и освојува голем број на награди.

Кога го прашавме – Како се стигнува до ваков успех?

Тој ни одговори:

Многу, многу  вежбање… Многу одрекување од многу работи.
Времето во кое може да се прави нешто друго јас вежбав и вежбав… Имам најдобар професор кој несебично ме учи, ми помага и ме поддржува.

Го прашавме за плановите во иднина:

Јас имав огромна желба за да направам рецитал – желба која што ми се оствари.

Сега во моментот сум на мастеркласи во институтот FAMES каде што се стекнувам со знаење од врвни европски музичари како што се Tim Remond, Oliver Traun, Alastair Cing, Luis Ivars, Francesko Tristano и други. Во FAMES моментално се музичари од цела Европа.

Искуството е прекрасно – запознаваш многу музичари со кои што разменуваме искуства, каде што како најмлад од дувачките инструменти – можам многу да научам. Имам чест со оркестарот на FAMES и Tim Remond да учествувам во отварањето на 43-тото издание на Скопско лето.

Огромна е мојата благодарност до мојот најдобар професор Никола Јованов, и подршката што ми ја дава моето семејство.

Filip Velkovski retsital vo Daut Pashin Amam 3 scaled

Ова лето ми престои и патување во Форли Италиј а исто така на мастеркласи каде што потоа како оркестар ќе свириме во Форли – Италија, Љубљана – Словенија и во Белград – Србија.

Filip Velkovski retsital vo Daut Pashin Amam 5 scaled

Како што ни кажа ти воопшто немаш распуст?

Затоа реков дека мора да имаме многу одрекувања за да се успее. Јас сум тек на почеток на градење на својата кариера, а успехот се постигнува само со многу вежбање и вежбање.

Благодариме на овој разговор и за одвоеното време, ни беше чест и задоволство да седиме со таков млад, надежен и успешен дечко.

Ти пожелуваме многу успех и уште многу концерти – рецитали.

Очекуваме покана.

Интервјуто е направено за порталот coffeetime.mk

Напишете коментар

Back to top button
close