На состанокот, со кој претседаваше претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, учествуваа началниците на Генералштабовите на сојузничките земји, како и врховниот командант на Сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Г. Гринкевич, и врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандие.

Во фокусот на конференцијата беа актуелните безбедносни предизвици и стратешките приоритети на Алијансата, со акцент на зајакнувањето на колективното одвраќање и одбрана, имплементацијата на одлуките од Самитот во Анкара, одбранбените иновации и технолошкиот развој, како и континуираната поддршка за Украина.

Генералот Лафчиски на состанокот ја потврди нашата континуирана посветеност кон колективната одбрана и регионалната стабилност, истакнувајќи го активниот и значаен придонес на Армијата во активностите на источното крило на Алијансата, како и во унапредувањето на оперативната подготвеност и одбранбените способности преку модернизација, обука и учество на меѓународни вежби.






