Постојат различни техники кои се користат во сексот, но една од оние кои гарантираат силен оргазам е техниката со бројка осум. Со векови сексот е моќно оружје со кое можете да постигнете многу работи. За време на сексуалниот однос, секој дел од нашето тело се буди.
Со неколку трикови можете да постигнете ерупција на страст кај партнерот, особено ако ги примените уште вечерва.
Техника осмица
Постојат различни техники кои се користат во сексот, но една од оние кои гарантираат силен оргазам е техниката со број осум. Доколку сакате орално да го доведете партнерот до кулминација, ова е идеалното решение. Со јазикот поминувате преку клиторисот како да го пишувате бројот осум и на тој начин наизменично ќе менувате посилен и послаб притисок, што ќе и помогне полесно да доживее оргазам. Не фокусирајте се само на клиторисот, туку стимулирајте ги и срамните усни. Тие се исклучително чувствителни, а лесната масажа со прстите ќе ви ги разбуди сите сетила.
Поза X
Има многу пози во кои може да се постигне интензивно задоволство, сепак една се издвојува. Станува збор за позата X. За време на мисионерската поза, нека вашата партнерка ги завитка нозете околу вашата половина, а вие се истегнете. Потоа испружете ги двете раце и малку занишајте се. Вашето тело ќе создаде форма на буквата Х, а благото нишање ќе ја зголеми стимулацијата на клиторисот и посилен оргазам, тврдат сексуалните терапевти.
Стимулација на точката Г до силен оргазам
Некои експерти тврдат дека Г-точката најлесно се стимулира со прстите бидејќи овозможува контролирање на движењата, но тоа не мора да биде случај. Најдобрата позиција за интензивна стимулација на Г-точката е кучешкиот стил, бидејќи можете да ја контролирате длабочината на пенетрација.
Проширете го задоволството
За да може сексот да трае што подолго, мажите треба да научат како да го препознаат предоргазмичното чувство кое и претходи на ејакулацијата. Штом ќе го научат ова, ќе можат да го забават ритамот за да не ејакулираат прерано.
One Comment