СВЕТ

Доаѓа силна геомагнетна бура, можни проблеми со сателитите и поларната светлина на југ

Денеска и во наредните денови Земјата ќе биде погодена од силна геомагнетна бура предизвикана од ерупции на површината на Сонцето што се случија претходните денови, соопшти американската Национална управа за океани и атмосфера (NOAA).

геомагнетна бура

Силата на оваа бура ќе биде Г4, од која само Г5 е посилна, а се очекува да предизвика проблеми со енергетските системи, вселенските летала, сателитите и радиофреквенциите, пренесува порталот watcher.news.

Ова е прва геомагнетна бура Г4 од 2005 година, а се очекува да започне во петок навечер и да трае до 13 мај.

Настанува поради кумулативниот ефект од пет ерупции на површината на Сонцето што се случија претходните денови.

Исто така, се очекува дека оваа бура би можела да го предизвика феноменот Аурора Бореалис појужно од вообичаено, во американските држави Вирџинија и Алабама.

Екстремната геомагнетна бура Г5 последен пат беше забележана во октомври 2003 година и предизвика прекини на струја во Шведска и оштетување на енергетските трансформатори во Јужна Африка.

Напишете коментар

Back to top button
close