МАКЕДОНИЈА

Сребро за македонското студио Omni Creative во Њујорк на MUSE Design Awards

Македонското дизајн студио Omni Creative ја добри сребрената награда на едно од најреномираните натпреварувања MUSE Design Awards 2024 што се одржува во Њујорк. Наградата е добиена во категорија Дизајн на пакување за млечни производи, зачини, масла и сосови, за креирање на бренд и дизајн на амбалажа за Medina Mediterranean Cuisine, за американската компанија Max’s Imports.

1. Medina grilled eggplant

Ова е втора награда за Omni Creative што доаѓа од најпрестижниот фестивал во креативната индустрија. Пред 3 години за креирање на дизајнот на “NOBULL…” Omni Creative беше наградена со злато.

2. Medina Peppers and Paste

Дизајнот и визуелниот идентитет композитно ги одразува преференциите на брендот и преку елементите ги пренесува главните вредности што се лесно читливи и визуелно консумирани од потрошувачите. Изгледот на Medina ја одразува суштината на медитеранската богата и разновидна кулинарска традиција.

3. Medina juice and sauce

„Нашиот концепт се врти околу идејата за доловување на уникатниот спој на историјата, традицијата и модерноста на Медитеранот. Создадовме амбалажа која не само што го покажува врвниот квалитет на производите, туку и го слави културното наследство и уметноста на медитеранската кујна. Избравме топла и привлечна палета на бои што потсетува на медитеранското крајбрежје – длабока сина боја, портокалова, маслинесто зелена и песочна беж. Овие бои не само што ја одразуваат природната убавина на регионот, туку и предизвикуваат чувство на топлина и удобност. За да го нагласиме врвниот квалитет на производите, избравме висококвалитетни завршни материјали“, објасни Димитар Проданов сопственик на креативното студио Omni Creative.

4. Medina okra and eggplant

Наградата е доделена од жири комисијата составена од 56 членови од 22 земји. MUSE Design Awards е еден од најреномираните фестивали во индустријата создаден од International Awards Associate (IAA) и се одржува секоја година во Њујорк. Како меѓународна платформа за награди, MUSE Creative and Design Awards привлекува големо меѓународно учество на креативни агенции што ги претставуваат дизајните за најголемите и најпознатите брендови глобално. Оваа година беа пријавени 8500 учесници со свои креации, а некои од најпознатите имиња се Lay’s / Netflix, Mattel, KFC, Walt Disney Studios, Warner Bros. Entertainment, Google, Nikon, Spotify, Mercedes-Benz, Leica Geosystem, Bank of The Philippine Islands, Tsingtao Brewery Co., Ltd и Genesis, како и Coach, NBCUniversal, CJ ENM, Gravity Global, Hong Kong Tourism Board, Aedas, Les Ateliers Louis Moinet SA, Ltd, Bells + Whistles и Geely Design.

5. Medina Legumes

Напишете коментар

Back to top button
close