ЉУБОВ И СЕКС

Ова е комплиментот што жените најмногу сакаат да го слушаат, а не е дека ослабеле!

Британско истражување покажало кој комплимент најмногу им се допаѓа на жените. Жените повеќе би сакале да слушнат дека изгледаат млади отколку дека ослабеле и дека нивните нови фармерки совршено им стојат.

Најфаталните жени во хороскопот

Новото британско истражување покажало дека дури 60 отсто од анкетираните жени сакаат да слушнат дека изгледаат помлади отколку што навистина се, а тоа е комплиментот кој најмногу ќе им даде „ветер во грб“ на нивната самодоверба.

Исто така, 41 отсто од испитаниците навистина сакаат да изгледаат помлади, додека 62 отсто од нив активно работат на забавување на процесот на стареење користејќи различни козметички третмани и препарати, пишува Super Woman.

Истото истражување покажало дека жените на возраст од 39,5 години чувствуваат најголем стрес поради стареењето затоа што се плашат од својот 40-ти роденден. За разлика од нив, жените кои наполниле 55 години добиваат најголема доверба во својот изглед.

Напишете коментар

Back to top button
close