СВР Битола во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените сообраќајни контроли.
На територијата на СВР Битола изречени се 59 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 7 санкции за возење под дејство на алкохол од кои кај еден возач на подрачје на с.Перово, ресенско, биле измерени рекордни 4,07 промили алкохол во крвта.
Изречени се и 10 мерки за непрописно паркирање, една мерка за некористење на сигурносен појас.
Засилените акциски контроли продолжуваат и понатаму.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.