Наместо бело брашно, за запршка можете да користите интегрално брашно, компири и уште неколку работи.
Кога станува збор за правилната исхрана, нутриционистите нагласуваат дека можете и треба слободно да вклучите готвени јадења во вашето мени. Единственото нешто на што треба да обрнете внимание е на правењето запршка.
Со оглед на тоа дека запршката најчесто се прави од бело брашно, нутриционистите советуваат да не користите запршка, да го намалите количеството на маснотии во кое подготвувате храна, ако додавате месо, да користите помалку масно месо. Наместо класичната запршка, еве неколку опции:
1. Ладна запршка (лажица интегрално брашно, вода, зачини);
2. Еден дел од мешунките се пасира, па се враќа во тенџерето;
3. Ставете неколку компири исечкани на коцки (доколку се варат подолго подобро ќе се растворат);
4. Користете просо – лажица-две, за да го згуснете јадењето.