Прескокни до содржината

Петок, 20 ноември 2026

Маркетинг
Реклама
Најнови

МНТ со „Нема да биде крај на светот” гостува во TEATRO DEL FUOCO, Р. Италија

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот” на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро” во Фоџа.

IMG 6166

Реклама
IMG_20261104_145921_204

Фестивалот „Монте Сакро” (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.

IMG 5969

Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро”, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.

„Нема да биде крај на светот” од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.

Споделете:
Реклама

Најнови на Турлитава

Реклама
IMG_20261104_145928_566