СВЕТ

Ова е планот на Кина за решавање на конфликтот во Украина

Министерството за надворешни работи на Кина објави документ од 12 точки во кој детално е опишан ставот за решавање на конфликтот во Украина, а најважна точка е итен прекин на непријателствата и преминување кон мировни преговори.

Кина

Во документот насловен како „Кинеската позиција за политичкото решение на украинската криза“, објавен на веб-страницата на Министерството, кинеското одделение за надворешна политика наведува дека Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во продолжувањето на мировните преговори.

Под првата точка се наведува потребата од почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји, а се оценува дека сите земји се еднакви без разлика на нивната големина, сила и богатство. Исто така, укажува на потребата да се применува меѓународното право подеднакво без примена на двојни стандарди.

За втората точка, Пекинг повикува на напуштање на менталитетот на Студената војна и ја нагласува важноста на регионалната безбедност, која не може да се обезбеди на сметка на проширувањето на воените блокови. Исто така, се нагласува дека е неопходно да се земат предвид правните безбедносни интереси и грижи на сите земји.

Третата точка подразбира прекин на сите борбени операции, а се наведува дека никогаш нема победници во конфликтите. Кина смета дека сите страни треба да покажат воздржаност, да не долеваат масло на огнот и да не дозволат понатамошна ескалација на украинската криза. Во него се нагласува и потребата од реактивирање на директниот дијалог меѓу Москва и Киев.

Четвртата точка е посветена на мировните преговори, а Кина смета дека дијалогот и преговорите се единствениот реален излез од украинската криза. Нагласена е и потребата од создавање услови за да се формира платформа за овие преговори.

Според петтата точка, Пекинг ја констатира потребата да се поддржат сите мерки кои би довеле до разрешување на хуманитарната криза, како и да не се дозволи политизирање на хуманитарните прашања.

Во шестата точка, официјален Пекинг изрази поддршка за размената на воени затвореници меѓу Москва и Киев и оцени дека сите земји треба да придонесат за создавање добри услови за спроведување на овој процес.

Под точка седум, Кина изрази потреба да се запрат сите вооружени напади врз нуклеарни постројки, вклучително и нуклеарни централи.

Во осмата точка се потенцира ставот за недозволивоста на употреба на нуклеарно оружје или оружје за масовно уништување.

Деветтата точка претставува покана до сите земји да го спроведат Договорот за жито, како и дополнително да ја активираат меѓународната соработка со цел да се реши глобалната криза со храна.

Во десеттата точка, Пекинг наведува дека не се согласува со примена на еднострани санкции во контекст на украинската криза, бидејќи таквите ограничувања не придонесуваат за решавање на кризата, туку само ги продлабочуваат актуелните проблеми.

Единаесеттата точка е повик да се обезбеди стабилност на производството како и потребата да се запре политизацијата на светскиот економски систем.

И во последната, дванаесетта точка, Кина наведува дека е подготвена да ја обезбеди сета потребна помош и да одигра конструктивна улога во повоената реконструкција на зоната на конфликтот.

Subscribe
Notify of
1 Коментар
Oldest
Newest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

[…] што истакна тој, планот за решавање на конфликтот во Украина предложен од Кина е „несомнено корисен“ и […]

Back to top button
close