ЗАНИМЛИВОСТИ

Светска карта според просечниот коефициент на интелигенција: Каде се наоѓа Македонија?

Веб-страницата World Population Review објави мапа на светот според просечниот коефициент на интелигенција. Јапонците се на прво место на оваа листа – нивниот просечен коефициент на интелигенција е 106,48.

Светска карта според просечниот коефициент

Следат Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,1), Јужна Кореја (102,35), Белорусија (101,6), Финска (101,2), Лихтенштајн (101,07), Германија (100,74). .

Најнизок коефициент на интелигенција е измерен во Непал (42,99).

Во Македонија, коефициентот на интелигенција беше измерен на 81.91, па го зазедовме 150-тото место, Србија е со 89,6 на 59-то место а во Црна Гора 85,78.

Во Босна и Херцеговина просечниот коефициент на интелигенција е 88,54. Таа е на 66. место. Во Хрватска е 95,75.

Коефициент на интелигенција е вкупниот резултат добиен од збир на стандардизирани тестови или поттестови наменети за проценка на човечката интелигенција. Во овој случај, поттестовите вклучуваа проценка на знаењата од математиката и природните науки и читање.

Целосната карта можете да ја погледнете овде.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close