ЗАНИМЛИВОСТИ

Кесите со чипсови се повеќе празни отколку полни – има добра причина за тоа!

Дали се нервирате кога купувате чипс, го отворате, а кесата е речиси празна? Има многу добра причина за тоа. Ако сакате да јадете чипс, сигурно сте забележале дека вреќичките со чипс никогаш не се полни. Но, постои многу добра причина за тоа.

Чипс

Без разлика дали отворате мала или голема кеса со чипс, секогаш е малку разочарувачки да се види дека е далеку од полна.

Иако може да се претпостави дека кесата е само делумно полна со цел компаниите да остварат поголем профит, тоа има врска и со искуството на потрошувачите.

Во кесите се остава простор за да не се оштети чипсот. Патувањето од фабриката каде што се произведуваат и пакуваат чипсови до вашата маса е доста долго.

Компаниите намерно оставаат празен простор во кесата за да не сепотиснат кесичките во пакетите и да не се распадне чипсот за време на транспортот.

Во вреќичките со чипс се додава и азотен гас, со што се зачувува свежината на чипсот. Кога кесите би биле наполнети со обичен гас, чипсот многу брзо би се расипал и би станал мек, пишува Reader’s Digest.

Азотот е природен гас и е целосно безопасен, а докажано е и дека го подобрува вкусот на чипсот.

Затоа, следниот пат кога ќе отворите вреќичка со чипс и ќе видите значително помалку чипсови отколку што очекувавте, знајте дека тоа не е без добра причина.

Поради помалото количество чипс во кесата, ќе добиете подобра порција и помалку мали, скршени парчиња.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close