Овој месец SkyShowtime на своите претплатници им носи многубројни наслови, но на љубителите на долги есенски ноќи поминати покрај малите екрани, може да се препорачаат два наслови, сосема различни, кои сигурно ќе успеат да ви го задржат вниманието и да ви понудат забава во есенските денови.
Со почетокот на октомври, на стриминг платформата SkyShowtime пристигнуваат повеќе атрактивни наслови, меѓу кои интензивната драма базирана на вистинска приказна “TAR” со Кејт Бланшет во главната улога, како и забавниот реално шоу за животот на Силвестер Сталоне, за неговиот приватен живот како татко во “Family Stallone”.
Во филмот “TAR” во центарот на вниманието е Лидија Тар, музички виртуоз на нејзиниот пат полн со предизвици додека нејзината посвоена ќерка Петра станува непоколебкив столб на поддршка. Кејт Бланшет во улогата на Лидија Тар внесе хипнотизирачки спој на делириум и сензуалност а тоа и ја доведе до номинација за Оскар за најдобра женска улога токму за овој филм.
“TAR” се издвојува по намерното употребување на мелодрама, што на гледачите на почетокот им дава еден вид пауза за мајсторски да изгради тензија што доведува до длабоко мистериозна и надреална кулминација, што се задржува долго по завршување на филмот. Кинематографски одличен, филм што е задолжително четиво за љубителите на филм.
Реалното шоу пак “Family Stallone” многу брзо стана популарно токму заради неодоливиот шарм и ликот на Сталоне во едно сосема поинакво светло. Тој тука е сосема автентичен и ја прикажува својата конекција со семејството, серијата изобилува со љубов и смеа. Шоуто претставува приказ на тесно поврзаното семејство на актерот со своите најблиски.
Оваа есен овие два наслова во морето од филмови и серии на SkyShowtime се освежувачка алтернатива за тивките и дождливи викенди, а платформата создаде избор што одговара на многу различни вкусови, за секој да може да си најде нешто што му одговара.