ЗАНИМЛИВОСТИ

Доаѓа 8-ми март: Овие 4 работи не треба да им ги подарувате на жените – носат несреќа

Меѓународниот празник „Денот на жената“ е воспоставен на Втората меѓународна конференција на жените социјалисти на 8 март 1910 година во Копенхаген на иницијатива на Клара Четкин. Клара беше водач на германското социјалистичко и женско работничко движење, која се бореше за воведување ден на вечно сеќавање за демонстрациите на американските работнички во Чикаго во 1909 година и маршот во Њујорк, во кој учествуваа повеќе од 15.000 жени, кои побараа пократко работно време, подобри плати и право на глас.

8ми март

Првото празнување на празникот било на 8 март 1911 година во Австрија, Германија, Швајцарија и Данска.

Многу припадници на посилниот пол, но и жени подаруваат различни подароци, покрај веќе традиционалните цвеќиња. Сепак, постојат оние подароци кои не треба да се даваат на овој ден:

Тенџере
Вистина е дека многу жени поминуваат многу време во кујната, па овој подарок може погрешно да се протолкува и веројатно нема да ја усреќи една дама доволно.

Тефтер или пенкало
Главно вакво нешто ги потсетува луѓето на работа, а жената колку и да го сака тоа што го работи, веруваме дека не би сакала подарок да ја поврзе со работата.

Рамка за слика
Освен ако сами не сте врамиле слика што таа навистина ја сакала, самата рамка нема посебна вредност и значење.

Нож
Иако можеби не сте суеверни, ножот сепак се поврзува со несреќа и кавга, па вакво нешто не треба да се подарува.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close