Turlitava.com

Виталиа го поддржа инспиративното „Еко магионичарско шоу“ со Кристиан Шопов

Македонската компанија за здрава храна Виталиа гордо ја поддржа магијата на „Еко магионичарското шоу“, кое се одржа изминатиот викенд во Кино Фросина во МКЦ Скопје. Организирано од Пакомак и Макстил, оваа уникатна манифестација беше вистински празник за очите и срцата на присутните, а магионичарот Кристиан Шопов со своите креативни трикови создаде незаборавен викенд, исполнет со воодушевување, радост и важни пораки за иднината на нашата планета.

Настанот кој траеше два дена, на 14 и 15 декември, беше спој на забавата, едукацијата и учењето, создавајќи една магична атмосфера за децата, но и за сите кои сакаат да направат позитивна промена во светот. Со цел да се пренесат важни пораки за еколошката свест и грижата за планетата, шоуто ги поттикна најмладите да размислуваат за својата иднина и каква „Земја “ сакаат да ѝ остават.

Кристиан Шопов, преку својот забавен и инвентивен пристап, ги учеше децата на важноста на здрава храна и креирање на здрави навики од најмала возраст, за да растат силни и енергични. Присутните имаа можност да се запознаат и со новата Детска линија на Виталиа, која наскоро ќе биде достапна на македонскиот пазар.

Линијата содржи 2 типа на мусли и 2 типа на здрава ужина, е специјално формулирана за деца, без додаден шеќер. Децата, полни со радост, дегустираа производи кои не само што се вкусни, туку и придонесуваат за нивното здравје и развој.

„Еко магионичарското шоу“ не беше само шоу, туку и повик за акција.

Здравите навики и здрава храна се клучни елементи во постигнувањето на долгорочна одржливост и заштита на животната средина. Виталиа верува дека изборите што ги правиме во нашето секојдневно исхранување можат да имаат големо влијание врз планетата. Преку производи кои се внимателно дизајнирани да бидат не само здрави, туку и еколошки, Виталиа се залага за создавање на подобри навики кои ќе помогнат во зачувување на природата и ресурси за идните генерации.

Exit mobile version