МАКЕДОНИЈА

Хуманитарен концерт: Соучениците од 3-а самоиницијативно се собраа да одржат два концерти за да помогнат на нивната другарка Емилија Николовска

Учениците од 3-а класот од ДМБУЦ Илија Николовски – Луј – Скопје , самоиницијативно, со цел да и помогнат финансиски на нивната соученичка Емилија, чија дијагноза за болест сеуште не можат да ја одредат, организираат два хуманитарни концерти кои ќе се одржат на 24.02 и 27.02 во Даут Пашин Амам со почеток од 19 часот.

Влезот за концертите е слободен, но ќе има кутија каде секој би можел да помогне колку што може. „Секоја помош е добредојдена, а нас би ни значело вашето присуство!“ – стои во објавата на социјалните мрежи на учениците од 3-а класот.

Да бидеме хумани и да помогнеме сите заедно за еден млад и надежен ученик да го добие и оствари она што го заслужува. 24.02 и 27.02 во Даут Пашин Амам со почеток од 19 часот.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close