МАКЕДОНИЈА

Денеска е Свети Трифун – заштитникот на лозарите и градинарите

Православните Христијани денес го слават празникот Св. Трифун заштитникот на лозарите и градинарите. Се празнува на 14 февруари по новиот календар или на 1 сечко според стариот календар. Празникот Св. Трифун верниците го сметаат за последен зимски празник и почеток на пролетните празници.

Свети Трифун

Се верува дека Св. Трифун ги штити лозјата и градините од разни штети, несреќи и болести, поради што луѓето го слават и изведуваат обичаи поврзани со овој празник. Според народните верувања и обичаи на овој ден рано наутро се оди во црква каде попот пее молитва и свети вода со која верниците ги прскаат лозјата, по што го изведувале обредното закројување.

Во поново време свештени лица одат на лозови насади каде што пеат молитва и го извршуваат симболичното закројување.

Се верува дека ако денес врне дожд или снег годината ќе биде плодна, а ако е ведро не очекува сушна и јалова година.

Именден празнуваат: Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче…

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close