КУЛТУРА

Вечер на поезија и афоризам во Гевгелија

Во вторник, на 20.09.2022 год. во 19 часот во малата сала на Народниот театар во Гевгелија во организација на библиотеката „Гоце Делчев“ ќе се одржи Поетско-афористична вечер со учество на поети и афористичари од Гевгелија, Велес, Струмица и Штип.

Ќе настапат поетите: Стефчо Стефанов, Жаклина Атанасова, Олгица Ќурчиева, Димитар Арнаудов, Томе Таушанов, Кирил Кангов од Гевгелија, Лили Арсова и Јасмина Горгиева од Велес и Марија Брндевска од Струмица.
Покрај поезија, на настанот е предвидено читање афоризми од: Љупка Цветанова од Штип, Ацо Георгиев и Ристо Филчевски од Струмица, како и Атанас Крлевски и Димитар Вилазорски од Велес.
Читањето ќе биде поделено во два круга по една песна и по 10 афоризми во секој круг од секој автор.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close