КУЛТУРА

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски го затвора 22-от Фестивал на европски филм „Синедејс“

Со македонската премиера на „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски, вечерва во МКЦ парк во 21 часот, завршува 22-от Фестивал на европски филм „Синедејс“.

Филмот е прво долгометражно остварување на авторот, кое доживува екранизација и адаптација по долг низ години откога е напишано.

Бизнисот на задоволството

„Сценариото го започнав уште како студент во Париз, во 2002 година, и не очекував дека филмот некогаш ќе го снимам. Кога се вратив во Македонија, повторно налетав на сценариото во една кутија, и го препрочитав од љубопитност. Сфатив дека има добра подлога за филм, и решив да го адаптирам за македонски услови, бидејќи во таа верзија, дејствието се случуваше во Париз. Одамна сакав да направам приказна во која давам коментар за некои социјално релевантни теми, а сето тоа да биде ненаметливо спакувано“– вели Цветановски во пресрет на премиерата на филмот.

По премиерата на филмот во Бугарија на фестивалот „In the palace“ во Софија, каде ја зема наградата за најдобар филм, Цветановски со нетрпение ја очекува реакцијата на македонската публика, за која вели дека го има последниот збор.

Филмот „Бизнисот на задоволството“ е трилер – драма во која опседната со исчезнувањето на најдобрата пријателка, жртва на трговијата со жени, една новинарка подготвува тајна операција со цел да ја разоткрие криминалната мрежа. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола и се борат да спасат жива глава.

Сценаритото, монтажата и режијата се на Гоце Цветановкси, кинематографер на филмот е Фејми Даут. Продуцент на филмот е на Макеоднскат крепост, A White River Films, City Star Production, Seven Image и 351 Studio. Во филмот играат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски и Елени Декидис. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close